

ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБЈЕКТ
Станбено деловен објект – Дрезденска
Врвен станбено-деловен објект во престижната населба Карпош, Скопје на ул. Дрезденска бр.9. Објектот располага со приземје, прв, втор кат и паркинг места на едно подземно ниво. Нашата ексклузивна понуда вклучува разновидни станови од 40 до 92 м2, прилагодени на вашиот животен стил и потреби. Со софистициран дизајн, врвни материјали и првокласни удобности, ова е можност да го остварите сонот за живеење на една од најпосакуваните локации во градот.
Во непосредна близина се училишта, градинки, банки и институции кои ви овозможуваат практичност без губење драгоцено време.
Овде ќе најдете се што ви треба за удобен и модерен градски живот. Бројните кафулиња и ресторани во близина ви овозможуваат да уживате во локални специјалитети, додека банките и институциите ги прават вашите секојдневни задачи едноставни и ефикасни.